logo
logo
logo

ДЗС: Заврши пробниот попис на земјоделството

Vecer | 01.07.2022

ДЗС: Заврши пробниот попис на земјоделството

Државниот завод за статистика (ДЗС) соопшти дека во периодот од 15 до 30 јуни спровел пробен попис на земјоделството. Попишувачите во изминатите две недели, како што посочуваат од ДЗС, ги посетија и ги интервјуираа избраните семејни земјоделски стопанства и деловни субјекти што се регистрирани и се занимаваат со активности поврзани со земјоделството на територијата на целата држава. За време на реализација на теренските активности не се забележани потешкотии и целата активност се реализираше според очекувањата. Сознанијата добиени од пробниот попис ќе бидат искористени за организација и спроведување на главниот попис на земјоделство следната година, информираат од Државниот завод за статистика и им се заблагодаруваат на домаќинствата и деловните субјекти за соработката и учеството во оваа статистичка акција.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk