За 2016 година

„Џонсон Мети" од Македонија во првите 100 компании со најголеми приходи во ЈИЕ

Компанијата „Џонсон Мети" е единствената компанија од Македонија која е рангирана меѓу првите 100 компании со најголеми вкупни приходи за 2016 година во Југостична Европа.

Во годинашното издание на „Топ 100 од Југоисточна Европа" што го изработува „СиЊуз" провајдерот на деловни информации, се наведува дека компанијата ги подобрила своите перформанси, издигнувајќи се од 24 место во 2016 година на 17 место оваа година, со 12 отсто во вкупниот приход.

Меѓу 100-те најголеми банки во ЈИЕ се пет македонски кредитори, од кои Комерцијална банка а.д. е рангирана на 45. место, додека од петте осигурителни компании од Македонија како дел од стоте најголеми во регионот, „Триглав осигурување" е рангирана на 71 место.

„СиЊуз" веќе десет години објавува годишно рангирање на првите 100 компании со најголеми вкупни приходи за 2016 година, како и првите 100 најголеми банки по вкупна актива и најголемите 100 осигурителни компании по бруто премии во Југоисточна Европа.

Во извештајот се наведува дека растот на домашната побарувачка во услови на историски ниска инфлација и зголемување на приватните инвестиции и вработување продолжија да го водат економскиот раст во Југоисточна Европа во 2016 година.

- Економските поттикнувачки фактори беа од корист за повеќето трговци и произведувачи на возила – двете индустрии кои се најосетливи на промени во расположливиот доход, како и на потрошувачкото расположение. Истовремено, големите нафтени и гасни компании, кои традиционално доминираат во рангирањето на најголеми компании во регионот, продолжија да работат со загуби, што влијаеше на вкупниот приход на учесниците на „ТОП 100 од ЈИЕ листата. Комбинираната нето-добивка на стоте најголеми компании се зголеми за 39 проценти во споредба со профитот на минатогодишните учесниците во рангирањето, стои во извештајот.

Поврзани

Најнови вести

Коментари