Бараме сите претпријатија кои вршат јавна дејност во делот на комуналните услуги, водостопанството но исто така и објектите во образованието, објектите во јавното здравство да бидат вратени онаму каде што им е местото, на регулиран пазар. Доколку продолжат вака да функционираат, ќе ги зголемат цените за најмалку два-три пати, а тој шок ќе го почувствуваат индустријата и граѓаните. Ќе предизвикаат дополнително губење на работни места и дополнително намалување на куповната моќ и стандардот на граѓаните. Сметаме дека децата не смее да учат онлајн туку да бидат онаму каде што им е местото, во училишните клупи. И конечно третото, јавните здравствени установи кои тонат во долгови да им го олесниме начинот на функционирање. Наместо профитите да завршуваат во компании кои препродаваат електрична енергија, тие средства да ги искористат за подобрување на здравствените услуги на пациентите и нега на пациентите.https://www.youtube.com/watch?v=6bWVjHTPhbE