logo
logo
logo

Душан Пецовски е нов генерален директор на Реплек

Vecer | 07.10.2021

Душан Пецовски е нов генерален директор на Реплек

Душан Пецовски е новиот генерален директор на „Реплек“, дознава Фактор. Вчера е избран за претседател на новиот Управен одбор на фармацевтската компанија, откако на седница на Надзорниот одбор се гласало за избор на новото раководство на моќната фирма. Пецовски ќе раководи со „Реплек“, неколку месеци по обидот акционери да донесат промени на менаџментот чија работа, според поголемиот дел од нив, не беше задоволителна. Со ова престанува долгогодишното менаџирање на Реплек од страна на семејството Туџарови и ова е прв пат во историјата на ваков начин да се сменат првите луѓе во една компанија.

Сепак Иван Руџаров довчерашниот прв човек сега ќе биде член на Управниот одбор, а останати членови се и Цане Талевски, Александар Томовски, Коста Котески.

Ваквиот расплет на настаните следува по изборот на новиот Надзорен одбор изгласан на седницата на 22 септември од страна на Собранието на акционери. Нови членови на Надзорен одбор се Антонио Георгиевски, Славица Туџарова Трајковска, Петар Андреевски и Владимир Гашевски. Токму тие вчера кренаа рака и гласаа “за“ новите членови на Управниот одбор. Овие промени пак следуваа по извесни акционерски смени.

Душан Пецовски е еден од најголемите поединечни акционери во Реплек односно сега поседува 11,92 отсто од акциите во друштвото. Тој и брат му беа едни од главните актери за промени во друштвото пролетоска.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk