Патиштата на парите се чудни

Дрогата ги спаси банките

Службата на ОН за контрола на наркотиците и спречување на криминалот (УНОДЦ), основано смета дека голем број банки се спасени од финансиската криза благодарение на пари од шверц со наркотици, соопшти директорот Антонио Марија Коста, пренесе Франс прес. Тој располага со податоци кои покажуваат дека меѓубанкарските кредити се финансирани благодарение на средства од шверц со наркотици и други нелегални активности, изјави Коста за австрискиот неделник "Профил". Ова шокантно сознание ја вознемири јавноста не само во Европа, туку и во целиот свет.

"Многу банки се спасени на овој начин, изјави Коста, без да даде повеќе детали за искажаниот став. Во втората половина на 2008 година недостигот на ликвидност беше главниот проблем на банкарскиот систем, па индивидуалниот капитал стана основен фактор, изјави Коста. Во многу случаи, меѓутоа, парите од наркотиците се единствениот можен извор на средства за инвестиции, кога државите не даваат субвенции", дополни тој.

Поврзани

Најнови вести

Коментари