logo
logo
logo

ДОЖДОТ ГИ СПАСИ Норвежаните од недостаток на струја - Хидроенергетските резервоари се полни

Vecer | 23.11.2022

ДОЖДОТ ГИ СПАСИ Норвежаните од недостаток на струја - Хидроенергетските резервоари се полни

Норвешкиот електроенергетски оператор Статнет во средата го повлече предупредувањето за притисок во електроенергетскиот систем благодарение на обилните дождови кои го поддржаа производството на електрична енергија во хидроцентралите.

- Намалена е можноста за затегнато снабдување со електрична енергија на југот на Норвешка во текот на претстојната зима - објави Статнет,

Малку е веројатно дека Норвешка ќе мора да ја ограничи потрошувачката на електрична енергија оваа зима, додаваат тие.

Во мај, Статнет предупреди дека јужните делови на Норвешка би можеле да се соочат со тешка ситуација со снабдувањето со електрична енергија оваа зима доколку не се подобри хидроенергетскиот биланс.

- Ситуацијата се подобри пред зимата благодарение на големото количество врнежи во текот на есента, и доволниот увоз, намалената потрошувачка и ниското производство на енергија од резервоарите за вода - изјави извршниот директор на Статнет Хилде Тоне.

За седум недели, стапката на полнење на резервоарите во јужна Норвешка се зголеми за 22,1 процентен поен, што е еднакво на 12,7 терават часови потенцијално производство на електрична енергија, рече Статнет.

Норвешкиот пазар на електрична енергија е поделен на пет географски зони, а владата побара од производителите во три зони на југ да ја зачуваат водата за зимата, откако нивото на водата падна на најниско ниво во последните 20 години.

Во југоисточна Норвешка, вклучувајќи го и главниот град Осло, и на западниот брег, каде што се наоѓа Берген, нивото на водата сега е над средната вредност во последните 20 години, рече Статнет.

Во југозападна Норвешка, каде што се наоѓаат најголемите акумулации, заостанува зад средната вредност за само два терават часа, објави операторот.

Статнет и властите внимателно ќе го следат увозот и количината на снег во планините и ќе го анализираат неговото потенцијално влијание врз полнењето на резервоарите следната пролет и лето, рече Тоне.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk