logo
logo
logo

ДОПОЛНИТЕЛНО ОСИРОМАШУВАЊЕ: Во ноември најнсиките плати станале уште пониски

Vecer | 25.01.2023

ДОПОЛНИТЕЛНО ОСИРОМАШУВАЊЕ: Во ноември најнсиките плати станале уште пониски

Платите на најслабо платените работници во земјава во текот на месец ноември дополнително се намалиле во споредба со месец октомври. Иако намалувањето е минимално, сепак, со растот на трошоците тоа е сериозен удар за граѓаните со ниски примања.

Вообичаено во групата на најслабо платени работници се оние во текстилниот сектор, кај дејности поврзани со производство на мебел и кожа, заштитните дејности...

Еве ја листата на топ пет најмалку платени работници:

Заштитни и истражни дејности – 18.294 денари

Услуги поврзани со одржување на згради и дејности на уредување и одржување на животната средина и природата – 20.653 денари

Производство на кожа и слични производи од кожа - 21.764 денари

Производство на облека – 22.821 денари

Дејности за подготовка на оброци и служење на храна - 22.884 денари.

Производство на мебел – 23.430 денари.

Во ноември според ДЗС просечнат аплата била 30.011 денари, додека пак во октомври 30.104 денари.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk