logo
logo
logo

Доколку ЕСМ не обезбеди струја, после Нова Година не очекува раст на цената од 30 до 50%

Vecer | 05.12.2021

Доколку ЕСМ не обезбеди струја, после Нова Година не очекува раст на цената од 30 до 50%

На последната владина седница, Владата ја утврди Предлог – одлуката за распределба на средствата, со што ќе се обезбедат финансии за справување со енергетската кризата. Се уште е неизвесно и дали државната ЕСМ ќе обезбеди доволно струја за домаќинствата за следната 2022 година.

Веќе два тендери на ЕВН хоум пропаднаа, откако државната ЕСМ не се јави на тендер. Третиот тендер е закажан за 9 декември годинава, а доколку повторно не се обезбеди струја за граѓаните, ќе се увезува по енермно високи цени од 320 евра од берзите. Тоа ќе значи уште повисок раст на цената, од 2-50 отсто. Се очекува во вторник Владата на затворена седница да утврди нова цена за државната ЕСМ, според неофицијални информации од сегашните 36 евра за мегават, на 45 евра.

Растот на цената на струјата на берзите за повеќе од 300 отсто во последните неколку месеци, направи големи поместувања и на либерализираниот пазар. Голем дел од фирмите за трговија со струја ги откажаа договорите, неможејќи да ги исполнат своите обврски.

Според договорите тие мораа да продаваат струја на компаниите во земјава, по цена договорена мината година, а моментално ја купувата неколку пати поскапа. Па тие и покрај ризикот да ја изгубат лиценцата ги откажаа договорените обврски. И оние што го преземаа ризикот и работат со огромни загуби, како ЕВН Снабдување, ЕДС и Гени – М, воведоа мерки за какво такво ублажување на состојбите. ЕДС ги откажува договорите доколку клиентот во рок од пет дена не ја плати фактурата за струја.

Истовремено, како резултат на растот на цената на струјата се зголемија цените и на другите производи. За да го заштити населението, Владата донесе одлука за замрзнување на цените на основните производи до 31 јануари 2022 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk