Доколку Британија ја напушти ЕУ ќе направи посебни проблеми на една европска земја

Доколку Велика Британија и Европската унија навистина се разидат, најпогодена земја ќе биде Шпанија. Поради оваа причина шпанскиот министер за туризам, Рејес Марото, се состана со британските тур-оператори за да направи „План Б“ за ваквата ситуација.

Во разговор со неколку големите туристички агенции во Шпанија, сослушани биле нивните предлози во случај Велика Британија да излезе од ЕУ.

Околу 18 милиони Британци годишно патуваат на летување во Шпанија, а тоа е една четвртина од туристите што ја посетуваат земјата.

Министерот се согласил дека во овој случај би требало да се промени и законот, со цел да се реагира брзо за да не дојде до пад на туристичките посети.

Туризмот е најзначајната гранка за шпанската економија, во која се вработени најмногу луѓе и има удел од дури 11 отсто во националниот доход.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари