logo
logo
logo

Додека власта се фали со добра економска политика, странските директни инвестиции ја заобиколуваат Македонија

Vecer | 14.01.2022

Додека власта се фали со добра економска политика, странските директни инвестиции ја заобиколуваат Македонија

Поразителни податоци. Приливот на СДИ за првите 9 (девет) месеци од 2021 година споредено со земјите од регионот и прилив на СДИ по глава на жител за првите 9 (девет) месеци од 2021 година споредено со земјите од регионот, покажуваат дека Македонија останува закована на дното.   Податоците покажуваат дека во првите девет месеци од минатата година најголем прилив на странски директни инвестиции имало во Србија од дури скоро 3 милијарди евра. Следуваат Албанија со 711 милиони евра, Косово со 493 милиони и 938 илјади евра, а на самото дно е Македонија со само 285 милиони и 590 илјади евра. Согласно овие бројки најмал е и приливот на странски директни инвестиции по глава на жител. Така додека во Србија имаме 419 евра по глава на жител, во Косово 279 евра, во Албанија 251 евро, во Македонија тоа е 137 евра. Овие податоци само го потврдуваат трендот на пад кој беше евидентен и во 2020 година, кога приливот на странски инвестиции беше за 38 отсто помал во однос на годината пред неа година, што пак беше скоро три пати повеќе од просечниот пад во регионот во време на пандемијата. Македонија имаше најголем пад на странски инвестиции во регионот во пандемиската 2020 година, покажуваа податоците објавени од Конференцијата за трговија и развој на ОН. Странските инвестиции во регионот во 2020 година беа намалени за 14 отсто во однос на 2019 година, а во Македонија падот бил скоро три пати поголем. Само Црна Гора успеала да ги зголеми странските инвестиции дури и во пандемијата. Најмногу инвестиции 2020 година влегле во Србија – 3,4 милијарди американски долари, што е намалување за една петтина во однос на 2019, па потоа следува Албанија со 1,1 милијарди долари што е намалување за 14 отсто во однос на годината претходно. Црна Гора има 529 милиони долари, што е 27 проценти повеќе во однос на 2019, падот во Босна и Херцеговина бил 7 проценти и 2020 ја завршувале со 371 милиони долари и Македонија има најмалку – 224 милиони долари странски инвестиции, што било за 38 проценти помалку во однос на годината претходно. За разлика од овој константен пад на странските директни инвестиции во време на владеењето на СДСМ, во времето на ВМРО ДПМНЕ имаше константен раст на прилив на странски инвестиции, благодарение на економската политика која тогашната партија на власт ја спроведуваше. Согласно податоците на НБРМ, странските директни инвестиции во Македонија кумулативно за периодот 2007–август 2015 изнесувале 2,3 милијарди евра. Во тој период свои инвестиции оствариле над 50 поголеми странски компании, кои придонесоа за директно отворање на над 16.000 нови работни места и за индиректно вработување на голем број други лица. Оние пак инвеститори кои решија да ги вложат своите пари во Македонија во време на СДСМ, беа инвеститори кои беа договарани од страна на ВМРО ДПМНЕ, што значи дека тие само ги финализираа своите договори во времето на СДСМ.СДСМ не успеа да договори и донесе ниту една инвестиција во земјава. А и како би се пофалиле од СДСМ и нивните коалициони партнери дека привлекле странски инвестиции кога раководните кадри во институциите клучни за привлекување инвестиции, немаат многу допирни точки со оваа специфична тематика. На пример сега прв човек во Инвест Маседониа е Беким Емини, помлад пазарен инспектор од Гостивар, а Јован Деспотовски, инаку политичар е директор на ТИРЗ. Но и претходните кадри не направија ништо за зголемување на нивото на странски инвестиции во земјава, со оглед на нивниот (не)ангажман и професионално порфолио кое нема врска со инвестиции. На пример, кадри кои требаше да работат на привлекување инвеститори беа, Самка Ибраимоски, Љубе Бошковски, Зоран Шапуриќ, Рамиз Мерко, Зорица Апостолоска. За разлика од овие кадри, во времето на владеењето на ВМРО ДПМНЕ, луѓето кои работеа на привлекување странски инвестиции беа од бизнисот, добро упатени во својата работа, но и она што требаше да го прават за привлекување странски инвеститори. Така клучни играчи на ВМРО ДПМНЕ им беа, Виктор Мизо, директор на Костал и потпретседател на Стопанската комора, Веле Самак од Микросам, Џери Наумоф-претседател на бордот на Таскфорсе. Боријан Борозанов од Агенцијата за странски инвестиции, директор на Џонсон Мети. Крешник Бектеши, министер за економија, промотор во Белгија. Хабил Мустафа, директор на Чагатај Кабли, промотор во Анкара. Дејан Величков, член на Инвест Канада, промотор во Чикаго и Детроит. Радош Вукичевиќ, директор на Тиквеш, промотер во Софија. Данчо Петров(ТИРЗ), директор на Магна. Филип Нелковски, регионален советник -ГИЗ, промотер во Австрија. Арлинд Зекими, промотер во Швајцарија и министер за привлекување странски инвестиции, партнер на Лански, Ганзер и партнерите, адвокатска фирма во Скопје, Васко Давидовски, партнер во Брик и Мортар агенција за недвижнини, промотер во Сан Франциско.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk