logo
logo
logo

„Денес граѓаните ќе дознаат кои се кризните профитери во Македонија, аферата Броило ќе ги открие фирмите и профитерите кои се богателе на маката на граѓаните“

Vecer | 02.10.2022

„Денес граѓаните ќе дознаат кои се кризните профитери во Македонија, аферата Броило ќе ги открие фирмите и профитерите кои се богателе на маката на граѓаните“

Користејќи ги кризните состојби во државата, лица од власта на анти македонската СДС краделе од парите на граѓаните. Во Македонија дневно затвораат по 10тина бизниси и на улица, без работа остануваат 100-тина луѓе, а некои преку криминални тендери и со пари на граѓаните се богатат, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Клептоманите од СДС не мислеле, и не работеле за излез од енергетската криза, туку работеле за личен профит. На фирми на високи функционери од власта им вртело електричното броило за богатење. Аферата „Броило“ која ќе ја објавиме денес на прес конференција ќе ја открие вистината, за тоа кои фирми и кои функционери од анти македонската СДС се богателе на грбот на граѓаните. Ова афера ќе ги открие кризните профитери. Додека стопанството тоне, граѓаните не знаат како да ги платат високите сметки на електрична енергија, кризните профитери енермно се богателе. Скандалот Броило ќе ги разоткрие бизнис шемите за богатење на клептоманите од СДС, и исто така ќе покаже зашто оваа власт грчевито се бори за продолжување на кризната состојба во енергетиката, стои во партиското соопштение.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk