logo
logo
logo

Делта сојот и поплавите ЈА СРУШИЛЕ ГЕРМАНСКАТА БЕРЗА

Vecer | 24.07.2021

Делта сојот и поплавите ЈА СРУШИЛЕ ГЕРМАНСКАТА БЕРЗА

Индексот на германската берза на DAX во понеделникот доживеал најголемпад во оваа годинам а причините, спрема експертите се делата сојот и поплавите.

DAX паднал за 2,62 отсто што е најголем дневен пад во оваа година.

И други бројни индекси на берза, на пример EuroStoxx 50, кој содржи најголеми европски концерни, забележал загуба од 2,1 отсто.

Експертите сметаат дека индексот паднал поради страв од враќање на пандемија, чие ширење би можело да ја загрози економијата.

“Последните недели бил видлив растечкиот страв по економскиот раст“, вели Бернд Мајер главен берзански стратег во “Беренберг банка“

Тој за “Билд“, рекол дека поминало максималното забрзување на растот после “отклучување“ на Германија.

Големиот пад на DAX има врска и со поплавите, не поради влијание на економијата, туку поради осигурителните друштва.

Така вредноста на акциите на минхенското осигурување “Рик“ во понеделникот паднале за пет отсто, со што тоа осигурување било втор најголем загубар на берзата тој ден.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk