Берлин — Европскиот комесар за хуманитарна помош и управување со кризи, Јанез Ленарчиќ, смета дека заканата од прекин на струја во ЕУ е реална.

„Можно е да биде потребна помош и во рамките на ЕУ“, рече еврокомесарот на прашањето дали постои реална опасност да има голем прекин на електричната енергија во Европа.

Ленарчиќ изјави за Редакциона мрежа на Германија (РНД) дека ЕУ работи на две сценарија.

Ако само одреден број земји-членки се погодени од проблем, како што е прекин на струја, другите земји на ЕУ би можеле да испорачаат генератори на електрична енергија преку Европската комисија, како што се случува во случај на природна катастрофа, објасни тој.

Но, ако истовремено бидат погодени поголем број земји, и ако взаемна помош е невозможна, тогаш Комисијата ќе ги покрива потребите од стратешките резерви, рече еврокомесарот.

Ленарчиќ истакна дека Европската комисија во своите стратешки резерви има противпожарни авиони, генератори на струја, пумпи за вода и лекови.

Foto: Yevhen Prozhyrko/Shutterstock