logo
logo
logo

ЦЕНИТЕ ПЛАФОН, ќе се нема ни за кафе!

Vecer | 05.05.2023

ЦЕНИТЕ ПЛАФОН, ќе се нема ни за кафе!

Според податоците на Државниот завод за статистика, цените на угостителските услуги во април во споредба со март годинава се зголемени за 2.6 %.

Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 3.0 %, Алкохолни пијалаци за 1.6 %, Безалкохолни пијалаци за 2.8 % и Ноќевања за 1.5 %.

Во однос на април лани, пак, цените на угостителските услуги се повисоки за 12.3 %.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – април 2023 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 13.5 %, додека во однос на декември 2022 година, е поголем за 1.6 %.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk