Цените на храната во Германија пораснаа за над 20 отсто

Германската малопродажба нагло падна во февруари, покажаа во петокот податоците на заводот за статистика, како одраз на влијанието на високата инфлација врз куповната моќ на граѓаните.
Прометот во трговијата на мало е за 1,3 отсто понизок реално во февруари отколку во јануари, кога речиси стагнираше, открива Дестатис.
Споредено со ланскиот февруари, реално падна за 7,1 отсто, по падот од 6,9 отсто во јануари, а помал е и отколку што беше во февруари 2020 година пред пандемијата, за 1,6 проценти во реални услови.
Продажбата на прехранбени производи е намалена за 7,6 отсто во однос на ланскиот февруари, најверојатно поради скокот на цените, за 21,8 отсто, забележуваат статистичарите.
Прометот во супермаркетите е помал за 6,6 отсто, покажува извештајот.
Незначително бележи раст само прометот во стоковните куќи, за 0,5 отсто во однос на февруари 2022 година.