logo
logo
logo

Цената на нафтата вртоглаво расте

Vecer | 29.06.2022

Цената на нафтата вртоглаво расте

Цените на нафтата денеска пораснаа трета по ред трговска сесија, поради неизвесностите поврзани со глобалното производство, кои се закануваат дополнително да ја затегнат пазарната понуда.

Членовите на нафтената алијанса ОПЕК + треба да се состанат оваа недела за да разговараат за ситуацијата со снабдувањето.

Цената на северноморската нафта од типот „брент“ порасна за 1,18 отсто на 116,5 долари за барел вчера, а американската нафта WTI зајакна за 1,02 отсто на 110,8 долари за барел, покажуваат податоците на порталот на нафтата.

Либија има се повеќе проблеми со извозот на „црното злато“ поради влошувањето на политичката криза, додека антивладините протести во Еквадор се закануваат да го прекинат производството во таа поранешна членка на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) , пренесува Блумберг.

Секое нарушување на снабдувањето може, како концентрични кругови, да се прошири на глобалниот пазар на нафта кој е под притисок од силната побарувачка поттикната од економското закрепнување.

Некои членки на групата ОПЕК +, која ја сочинуваат земјите од ОПЕК и нивните сојузници на чело со Русија, не ги исполнуваат целите за производство за оваа година, што ја влошува состојбата на пазарот.

Ограничени се и изгледите за дополнително зголемување на понудата на двата клучни производители во ОПЕК, Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk