logo
logo
logo

Цената на гасот во Европа никогаш повисока

Vecer | 28.09.2021

Цената на гасот во Европа никогаш повисока

За првпат во историјата вчера цената на гасот во Европа ја надмина границата од 1 000 долари за 1 000 кубни метри. Цената за испораките во октомври во центарот ТТФ во Холандија достигна 1 031,3 долари, пренесе ТАСС.

Цената на гасот вчера веќе се зголеми за 11 проценти.

Експертите претходно рекоа дека цената на овој енергент може да достигне 1 000 долари за 1 000 кубни метри под одредени услови.

Недостигот на енергија на северната хемисфера ја зголеми цената на природниот гас, што е на највисоко ниво во последните седум години што, пак, имаше последици за пазарот на нафта.

Цената на нафтата денеска во Азија скокна на над 80 долари за барел поради зголемената загриженост за понудата и побарувачката во време кога светот полека излегува од пандемија, пишува АФП.

Цената на нафтата „брент“ порасна за 0,9 проценти, на 80,24 долари за барел. Тоа е нејзината највисока цена од октомври 2018 година.

Цената на суровата нафта (West Texas Intermediate) порасна за 0,9 проценти, на 76,07 долари за барел.

Со воведувањето вакцини и олеснувањето на епидемиолошките мерки и затворањата оваа година, побарувачката за нафта нагло скокна.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk