logo
logo
logo

Британија постигна договор за економска соработка со Норвешка, Исланд и Лихтенштајн

Vecer | 04.06.2021

Британија постигна договор за економска соработка со Норвешка, Исланд и Лихтенштајн

Велика Британија постигна договор за трговија со Норвешка, Исланд и Лихтенштајн, соопштија денеска земјите.

Трите земји се дел од Европската слободна трговска зона, што им овозможува пристап до единствениот европски пазар, а од конечното излегување на Велика Британија од Европската унија, тие се потпираа на привремени трговски договори со Лондон.

„Денешниот договор ќе биде голема поддршка за нашата трговија со Норвешка, Исланд и Лихтенштајн, зголемување на економската размена веќе вредна 21,6 милијарди фунти, истовремено поддржувајќи ги работните места и благосостојбата дома за сите четири земји“, рече британскиот секретар за меѓународна трговија Лиз Трус.

Норвешката премиерка Ерна Солберг на прес-конференција во Осло изјави дека „овој договор овозможува раст на трговијата за двете земји“.

Трговската размена меѓу Велика Британија и Норвешка минатата година вредеше 20,4 милијарди фунти, што ја прави скандинавската земја 13-ти најголем британски трговски партнер.

Исландскиот министер за надворешни работи Гудлаугур Тор Тордарсон рече дека новиот „договор за слободна трговија со Велика Британија е приоритет за време на неговиот мандат“ и дека тој ќе биде „клучен за исландските компании и потрошувачи“.

Фокусот на британската трговска политика по напуштањето на Европската унија е надвор од Европа и е насочен кон растечките економии во азиско-пацифичкиот регион, пишува Ројтерс.

Лондон се очекува да постигне договор со Австралија подоцна овој месец, а Британците сакаат да се приклучат на Транс-пацифичкиот трговски сојуз.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk