Брисел: Европа нема да бира страна во спорот меѓу Америка и Кина

Европа нема да бира страна во трговскиот спор меѓу Америка и Кина, соопшти европскиот комесар за економски и финансиски прашања, Пиер Московици.

„Избирањето страна би значело дека влегуваме во судир и тоа не е начинот на кој што треба да се решаваат работите“, рекол тој.

Московици навел дека трговијата била меѓу главните теми за кои во текот на изминатата недела се разговарало со американски функционери на маргините на состанокот на ММФ и Светска банка во Вашингтон.

Тој истакнал дека трговската војна е иста како кој било судир – разорен. Додал дека се надева дека одлуката за царина на челик и алуминиум ќе биде донесена до 1 мај.

Американскиот претседател, Доналд Трамп, најави воведување 25 отсто царина на увозот на челик и 10 отсто на алуминиум поради, како што рече, нечесната меѓународна конкуренција. Тој, исто така, објави воведување царина на кинеска стока што предизвика одговор од Пекинг поради што се стравува дека ќе дојде до глобална трговска војна.

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари