logo
logo
logo

Бренсон: ИЗГУБИВ 1,5 МИЛИЈАРДИ ФУНТИ, ама се спасив

Vecer | 05.05.2023

Бренсон: ИЗГУБИВ 1,5 МИЛИЈАРДИ ФУНТИ, ама се спасив

Сер Ричард Бренсон рече дека се плашел дека ќе ја изгуби целата своја деловна империја за време на пандемијата.

Британскиот бизнисмен изјави дека реакцијата на медиумите на барањето на владата на Велика Британија за заем за спас на групата Вирџин била многу болна.

Со оглед на неговото лично богатство и дом на карипски остров, тој беше критикуван дека побарал помош кога Вирџин Атлантик наиде на проблем.

Тој за Би-Би-Си изјави дека лично изгубил околу 1,5 милијарди фунти за време на пандемијата.

Поради борбата да го спаси својот бизнис, тој станал „малку депресивен“.

- Тоа никогаш во животот не сум го доживеал - рече тој и додаде „Имавме 50, 60 авиони, сите на земја, здравствените клубови беа затворени, хотелите беа затворени. И најлошо од сè - 60.000 луѓе на улиците.

Поддршката што ја барала компанијата, вели тој, не била подарок, туку заем за авиокомпанијата.

Сепак, владата го одбила неговото барање за пријавена финансиска помош од 500 милиони фунти. Приватниот договор за спасување на крајот покажал дека Вирџин Груп вбризгува 200 милиони фунти, со дополнителни 1 милијарда фунти обезбедени од инвеститорите и доверителите.

– Имаше време кога мислев дека ќе изгубиме се – рече Бренсон и додаде: „Продадовме акции од компании кои беа јавни и тоа беше еден од начините на кои успеавме да најдеме пари“.

Компанијата во сопственост на британскиот милијардер Ричард Бренсон, поднесе барање за стечај во Соединетите Американски Држави, откако не успеа да обезбеди нови инвестиции.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk