logo
logo
logo

Бранимир Јовановиќ: Планот за инвестиции на Заев е всушност приватизација на државата

Vecer | 31.05.2021

Бранимир Јовановиќ: Планот за инвестиции на Заев е всушност приватизација на државата

Професорот Бранимир Јовановиќ и поранешен советник на Заев за ТВ24 појасни дека планот за инвестииции треба да подлежи на ревизија, затоа што тој е нереален од многу аспекти кои произлегуваат од самиот план внатре преку проектите кои 20 години не се реализирале, а ниту ќе се реализираат. Тој посочува дека главниот проблем е што со планот се приватизира државата и природните ресурси – со нив ќе располагаат мала група на моќни луѓе.

„Според мене најзагрижувачки е тоа што планот е всушност приватизација на државата. Зошто – затоа што најголем дел од сите тие проекти, ако го отворите текстот ќе го видите тоа, се всушност јавно-приватни партнерства. Сите тие проекти што се во областа на енергетиката и слично се јавно-приватни партнерства. Улогата на државата во тие проекти е минорна, десет, дваесет посто нешто така. Значи тоа практично значи дека ќе ги распродавате природните богатсва, убавини на оваа држава, реките, полињата за да се градат соларни централи или што и да е. Ќе ја распродавате државата на некои инвеститори дали домашни или странски не е ни важно, и на тој начин ќе обезбедите економски раст. Значи тоа е приватизација на државата. И уште поважно, предвидено е планот за реализацијата на истиот да ја координира некое координативно тело коешто ќе биде составено од приватни и државни фактори. Од каде тоа, најдете ми друга држава во светот што доверува државни инвестиции, државни работи на приватни субјекти. Нема такво нешто тоа е недозволиво. Ако се реализира овој план, ние ќе останеме без држава“, предупреди Јовановиќ.

Премиерот Зоран Заев објави интервентен план за инвестиции од над 8 милијарди евра во периодот 2021-2027 година. Простата математика вели дека секоја година би влегувале по над 1,2 милијарди евра домашни и странски инвестиции, односно двојно повеќе отколку сега.

Инаку, најголемиот дел од проектите каде се очекува инвестицискиот бум се од областа на енергетиката. Всушност станува збор за проекти, кои сите влади ги ставаат во своите изборни програми во последниве 20 и кусур години. Чебрен-Галиште, Вардарска долина, пругата кон Бугарија, енергија од рециклирани материјали, фотонапонски електрани и тнт.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk