Богов ја повлече кандидатурата за гувернер на Народна банка

Четири дена пред истекот на мандатот, гувернерот на Народна банка, Димитар Богов се повлекува од кандидатурата за втор мандат. За ова, Богов веќе го известил претседателот на државата, Ѓорге Иванов, кој го предложи за нов гувренерски мандат.

Богов му заблагодари на Иванов за довербата меѓутоа, како што посочи, имајќи ги предвид реакциите на дел од чинителите на политичкиот живот во Македонија, моменталната политичка констелација и роковите за избор на гувернер, во интерес на државата се повлекува од кандидатурата за гувернер на Народната банка.

Богов изрази надеж дека ќе се изнајде решение и во најскоро време ќе биде предложен нов кандидат за гувернер на Народната банка, кој ќе добие консензуална политичка поддршка.

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари