logo
logo
logo

БЛОК 3 ОД РЕК БИТОЛА НЕ РАБОТИ Антовски предупредува дека најмалку една година ќе биде надвор од употреба

Vecer | 14.01.2022

БЛОК 3 ОД РЕК БИТОЛА НЕ РАБОТИ Антовски предупредува дека најмалку една година ќе биде надвор од употреба

Блок 3 на РЕК Битола повторно е надвор од функција, повторно трансформаторот не работи. Станува збор за истиот трансформатор којшто се запали во ноември, а беше наводно минат низ процес на ремонт. Сега од пред неколку дена истиот трансформатор го исфрла цел Блок 3 на РЕК Битола од употреба, изјави денеска на прес конференција Стевче Антовски, член на Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ.

– Поправката на овој трансформатор од технички аспект е многу дискутабилна. Со техниката не се игра и таа не трпи импровизации. Веднаш после синхронизацијата на блокот се активирала заштитата на блок трансформаторот и Блок 3 е повторно надвор од погон. Првите контроли и надзор од стручните лица укажуваат на внатрешен дефект на трансформаторот. Неговата поправка во вакви случаи трае повеќе од една година. Ова значи дека Блок 3 во РЕК Битола најмалку една година ќе биде надвор од употреба. А, тоа пак значи дека ТЕЦ Неготино ќе произведува струја за 170 евра за MWh, а ќе ја продава за 41 евро по MWh на универзалниот снабдувач ЕВН ХОМЕ уште долго време – рече Антовски.

Според него, тоа значи дополнително загадување на животната средина за подолг временски период, дополнително загадување на воздухот, дополнително нарушување на здравјето на граѓаните.

– Несериозноста, лукративноста и инаетењето не водат кон подобро. Итно мора да замине сето раководство во енергетскиот сектор, како Васко Ковачевски, и наместо плетење легенди за „шампиони“ да се посвети внимание за катастрофата во којашто ја втурна државата. Фактите се јасни. Оние кои ја втурнаа Македонија во енергетска криза не може да бидат дел од решението. Треба да си заминат што поскоро за тоа што наскоро ќе го осетат гневот на народот на сопствена кожа – додаде тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk