Блок 2 на РЕК Битола ставен во функција по редовниот ремонт

АД ЕЛЕМ, Подружница РЕК Битола ја известува јавноста дека Блок 2 на Термоелектраната “Битола” денес повторно е ставен во функција, по 47 дена редовен ремонт. Во утринските часови, постројката беше синхронизирана со македонскиот електроенергетски систем и ги испорача првите количини електрична енергија по пауза од месец и пол.

По редовниот ремонт на Блок 2 на Термоелектраната Битола, следуваат ремонтни активности на Блок 3 кои ќе траат до 15 октомври. Претходно, капитален ремонт на Блок 1 на РЕК Битола беше направен од 10 мај до 25 јули.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари