logo
logo
logo

Бизнисот контра Заев: ЦЕНИТЕ ЌЕ СКОКААТ, НЕ ТРЕБАШЕ ДА ГИ ЗАТВОРИМЕ ТЕРМОЕЛЕКТРАНИТЕ

Vecer | 10.10.2021

Бизнисот контра Заев: ЦЕНИТЕ ЌЕ СКОКААТ, НЕ ТРЕБАШЕ ДА ГИ ЗАТВОРИМЕ ТЕРМОЕЛЕКТРАНИТЕ

Бизнисменот Горан Рафајловски вели дека фактот што Европа предвреме тргна во зелена енергија, ја зголемува сега драматично цената на струјата на светските берзи.

Дали предвреме тргнавме во ткн. зелена енергија или во екологија во Европа? Веројатно дека да. Затворајќи ги термоелектраните ние изгубивме многу стабилен произведувач на струја, а не бевме спремни со што ќе го замениме.

Ниту тој може да се замени со ветерани туку така, ниту, пак, со фотоволтаици, ниту со некаков друг тип на енергија, кој во овоој момент ниту постои, ниту, пак, ние работиме на него. Тоа ќе доведе до сериозен пат во стопанството и во стопанските гранки. Ова зборувам за светски рамки“, рече Рафајловски во своето гостување за ТВ Сител.

 

А ценовниот шок во енергенсите ќе доведе до прехраната, таа прва ќе настрада. Потоа ќе дојдат и другите производи.

„И на крај неминовно ќе имаме пад на вредноста на парите, тоа се случува и ние не треба да спиеме. Еднаш заспавме кога почна короната, да не се случи повторно“, рече Рафајловски.

Смета дека сега под итно треба да се инвестира во развој.

Вели дека никој не може да каже до кога струјата вака ќе варира, но дека нема да падне под 150 или 180 евра и кога ќе се стабилизира, смета Рафајловски. Тоа ќе ги зголеми трошоците на компаниите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk