„На пазарот на труд има недостаток на работна сила и мора да одговориме на тој предизвик ако сакаме да имаме забрзан економски раст“, рече Битиќи.На прашањето на Bloomberg Adria дали во тие 14 посто невработеност не може да ги најдеме квалификуваните кадри кои што ги бараат компаниите, и оттаму да ги земат наместо да се бара увоз на работна сила, вицепремиерот одговори дека примарно работната сила ја бараме од тие кои се активни баратели на работа, но констатација на сите, е дека се уште имаме недосток на работна сила но и во некои сектори пецифично квалификувана работна сила. На темата за увоз на работна сила во истата емисија на Bloomberg Adria говореа и Миле Бошков, претседател на Бизнис конфедерацијата на Република Македонија и Глигор Бишев, претседател на Советот за унапредување на високото образование и стратегиски истражувања на Стопанската комора.
„На пазарот има сериозен недостиг од работна сила, па затоа според стандардот на работниците и платите во регионот и пошироко, сметаме дека ќе мора да се потпираме на работна сила која ќе мора да ја донесеме од блискиот и далечниот исток, а можеби и од други континенти“, изјави Бошков.Додека пак Глигор Бишев во неговата изјава истакна дека Македонија и покрај тоа што има стапка на невработеност од 14,2 отсто, речиси не можат да се најдат лица за работа во градежништвото, но и во голем број други индустрии, а исто така и во голем број услужни сектори.