logo
logo
logo

Битиќи, Азески и Хоџа на Бизнис форум во Хрватска

Vecer | 26.09.2022

Битиќи, Азески и Хоџа на Бизнис форум во Хрватска

Заменик-претседателот на Владата на Република  Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи денеска ќе присуствува и ќе се обрати на Бизнис форум со Стопански комори на Република Македонија и Република Хрватска. Бизнис форумот го организира Хрватската стопанска комора, а ќе учествуваат и претставници од Македонските стопански комори, меѓу кои и претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески и претседателот на Стопанската комора на северно-западна Македонија Неби Хоџа, како и голем број на компании од двете земји. Од кабинетот на Заменик-претседателот на Владата информираат дека во рамки на Бизнис форумот, вицепремиерот Битиќи ќе оствари и билатерална средба со потпретседателот на Владата на Република Хрватска, министерот за море, промет и инфраструктура Олег Бутковиќ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk