logo
logo
logo

Битиќи: 93,4 проценти од невработените се функционално неписмени

Vecer | 27.09.2022

Битиќи: 93,4 проценти од невработените се функционално неписмени

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи кажа дека има доволно барање за работна сила, но најголем дел од невработените се функционално неписмени. Додаде дека во Агенцијата за вработување процентот на невработени е навистина се уште висок, но 93,4 проценти од невработените се функционално неписмени, или значи дека нивните вештини не одговараат на пазарот на трудот.
– Конечно мислам дека е дојдено време сите да се освестиме дека мораме да се менуваме и да бидеме активни чинители на пазарот на трудот, секој колку што може да придонесе, а тоа значи реквалификација, преквалификација, менување на навиките за работа, истакна Битиќи.
Според него, работа има, барање за работна сила има, но погрешните политики 30 години не дале резултат т.е. произведувале работна сила којашто не одговарало на пазарот на трудот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk