logo
logo
logo

Бислимовски: Немаме однос кон водата како природен ресурс, загубите се до 60 отсто

Vecer | 19.05.2022

Бислимовски: Немаме однос кон водата како природен ресурс, загубите се до 60 отсто

Последните податоци покажуваат дека немаме однос кон водата како природен ресурс и загубите на национално ниво достигнуваат до 60 отсто поради лошата инфраструктура и поради отсуство на инвестиции на јавните претпријатија. Секој пат кога се определува опсег на тарифа, советите на општините најчесто ја одбираат тарифата во чија структура степенот на инвестиции е на најниско ниво и подразбира базично одржување на мрежата, рече претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски кој заедно со колегите од регионот и ЕУ потпиша Меморандум за соработка во областа на водните услуги. Ова, оцени Бислимовски, е проблем со кој се соочуваат сите во регионот. -Неопходно е да се објасни секој денар за што се троши и колку инвестиции се реализираат во комуналните претпријатија, подвлече претседателот на РКЕ. Меморандумот беше потпишан во Тирана од страна на регулаторните комисии за енергетика на Северна Македонија, Албанија, Косово и Црна Гора, како и Асоцијацијата на регулаторни тела на Европа за водни услуги (WAREG). Целта е заеднички изнаоѓање решенија за менаџирање на водните услуги. Како што информира РКЕ, регулаторите се обврзаа и преку заедничка соработка да ја усогласат домашната регулатива со законите на ЕУ. -Документот е резултат на досегашните заеднички билатерални програми за соработка во рамки на WAREG за зајакнување на институционалните капацитети на регионално ниво. Делиме исти предизвици, а клучен постулат во нашата работа е на сите потрошувачи да им се обезбеди правото на вода, која треба да е високо квалитетна и достапна по тарифа која ќе гарантира и инвестиции во мрежата со цел да се намалат загубите, нагласи Бислимоски, додавајќи дека оваа фаза од процесот на реформи во секторот води во земјите од регионот е неизбежна и од голема важност за доверливи, одржливи и економични системи за регулација на водните услуги.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk