logo
logo
logo

Бензините поевтинуваат

Vecer | 05.12.2022

Бензините поевтинуваат

Од полноќ поевтинуваат бензините од еден денар до денар и половина. Цената на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 1,50 денари, а за еден денар на ЕУРОСУПЕР БС-98. За еден денар се намалува и цената на Екстра лесното масло за домаќинство, а малопродажната цена на мазутот се зголемува за 0,361 денари по килограм. Согласно новата одлука, Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 83 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 по цена од 85,5 денари за литар. Цената на дизелот останува 84,5 денари за литар. Новата цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе биде 81,5 денари за литар, а мазутот ќе се продава по цена од 42,171 денар за килограм.  

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk