Бензините и дизелот поскапуваат

Цените на бензините и на дизелот од ноќеска на полноќ ќе се зголемат за 1, 1,5 и за 2 денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Цената на еуросупер БС-95 и на еуросупер БС-98 се зголемуваат за 1, односно за 1,5 денари за литар. Новата цена на еуросупер БС-95 ќе изнесува 74,5 денари за литар, додека малопродажната цена на еуросупер БС-98 ќе изнесува 76,5 денари за литар.

Дизелот ќе поскапи за 2 денари на 69 денари за литар.

Екстра лесното масло за домаќинство, пак, ќе поскапи 2,5 денари на 58 денари за литар. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 2,659 денари на 38,409 денари за килограм.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари