logo
logo
logo

Бектеши: Северна Македонија е прва држава што изработи Национален план за енергија и клима

Vecer | 13.09.2021

Бектеши: Северна Македонија е прва држава што изработи Национален план за енергија и клима

Политиките на Министерството за економија во областа на енергетиката се фокусирани на енергетската транзиција, енергетска ефикасност и заштита на животната средина. Владата на Северна Македонија кон крајот на 2019 ја донесе Стратегијата за развој на енергетиката до 2040 која што предвидува намалување на потрошувачката на енергија за 27% но при истовремено зголемување на БДП и зголемување на учеството на обновливи извори на енергија од сегашните 18 на 45% во 2040 година.

Ова го истакна министерот за економија Крешник Бектеши кој денеска учествуваше на „Македонскиот енергетски форум 2021-Мапирање на енергетската иднина“.

Министерот Бектеши говореше на панел сесијата насловен „Придонесот на Западен Балкан кон Зелениот договор на Европската унија„

„Министерството за економија како креатор на политиките за енергетика со усогласување на Законодавството во областа на енергетиката создава основа за развој на енергетиката и енергетска транзиција. Стратешкото планирање на политиките и идните чекори ќе допринесат за навремено и правилно постигнување на зацртаните цели. Северна Македонија е прва држава што изработи Национален план за енергија и клима кој опфаќа декарбонизација, енергетска ефикасност, безбедност во снабдувањето со енергија, внатрешен пазар на енергија и истражување, иновации и конкурентност кој ќе биде донесен во октомври оваа година“ кажа Бектеши и додаде дека Северна Македонија е лидер меѓу земјите Договорни страни на енергетска заедница со изготвувањето на овој план.

Тој потенцираше дека енергетската транзиција поттикнува намалување на стакленичките гасови поради што се размислува за затварање на термоцентралите во земјата, но и изградба на нови хидроцентрали, гасни централи и зголемени инвестиции во изградба на фотонапонски централи.

Бектеши потенцираше дека гасификацијата на Македонија е уште еден клучен момент за енергетската транзиција и диверсификација на енергетските ресурси.

“Во моментов има еден прекуграничен гасовод со Бугарија, имајќи ги предвид целите за намалување на емисии на стакленички гасови и ЕЕ, како и за подобување на сигурноста во снабдувањето со конкурентни цени, целта на Македонија е да се спроведат проектите за изградба на гасоводи на природен гас кон Грција, Косово и Србија. Преку гасоводот кон Грција, Македонија може да пристапи до Трансјадранскиот гасовод преку грчкиот преносен систем (DESFA), кој носи природен гас од Каспискиот регион во Европа, но исто така ќе овозможи пристап до светските пазари и на ТНГ преку Грција. Се очекува овој проект да овозможи пристап до ликвидни пазари и да го стимулира влезот на трговци на природен гас на македонскиот пазар. Ова ќе овозможи поголема конкуренција и пазарно поставени цени на природниот гас што ќе обезбеди одржливост на секторот, со конкурентни цени. Во моментов, проектот е во фаза на финализирање на меѓусебната физибилити студија по што треба да следи поднесување на апликација за финансирање и започнување со изградбата“ кажа министерот и додаде дека гасоводот кон Србија и Косово може да обезбеди дополнителен алтернативен извор и можност за транзит“, информира Бектеши.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk