Имплементацијата на Економско-инвестицискиот план за Западен Балкан е клучот за пост-ковид заздравување на нашата економија. Очекуваме многу нови иницијативи и проекти за создавање посилни врски и мрежи со Европската Унија, кажа министерот за економија Крешник Бектеши на денешната средба со еврокомесарот за економија Паоло Џентолини.

Министерот го информираше евроамбасадорот за реализацијата на приоритетните проекти на Северна Македонија во рамки на Економско-инвестицискиот план за Западен Балкан што ќе значат нов стимул за економски раст со фокус на инфраструктура, дигитализација, енергетско и транспортно поврзување.

Заедничкиот став со Европската Унија е дека подоброто поврзување на економиите на Западен Балкан во рамките на регионот и со ЕУ бара силна посветеност од Западен Балкан за спроведување на темелни реформи, продлабочување на регионалната економска интеграција и развој на заеднички регионален пазар врз основа на законодавството на ЕУ со цел да се направи регионот е поатрактивна област за инвестиции, информираат од министерството за економија.

Со планот за обнова и трансформација на европската економија преку Фондот за закпрепнување приоритет ќе бидат инвестиции во зелена економија, дигитализација и пост-ковид закрепнување.

Министерот го информираше евроамбасадорот за приоритетите на Северна Македонија со претседателствувањето со ЦЕФТА оваа година и поставените цели за олеснување на трговијата, транспортот и поврзаноста на земјите од Западен Балкан кои произлегуваат од Берлинскиот процес.

Беше нотирано дека Северна Македонија е пример во Западниот Балкан за напредокот на реформи во царинската политика.

makfax.com.mk