logo
logo
logo

Бектеши-Кондурос: Заедничките енергетски проекти клучни за зголемување на регионалната соработка

Vecer | 26.05.2021

Бектеши-Кондурос: Заедничките енергетски проекти клучни за зголемување на регионалната соработка


Министерот за економија Крешник Бетеши денеска оствари средба со Русос Кундурос, амбасадор на Грција во нашата земја.

На состанокот се разговараше за можностите за продлабочување на економската соработка помеѓу двете земји.

Северна Македонија и Грција имаат традиционално висока економска соработка, трговската размена е во континуирано во раст и покрај пандемијата, Грција е наш четврти најголм трговски партнер, а грчките компании се едни од најголемите инвеститори во земјата, констатираат од министерството за економија.

Министерот Бектеши посочил дека има голем потенцијал за дополнително зголемување на соработката во енергетскиот сектор, ако се земат во предвид заедничките проекти за изградба на терминалот за течен нафтен гас во Александрополи, како и гасното поврзување помеѓу двете земји си изградба на интерконектор.

Како што истакна министерот Бектеши преку гасното поврзување со Грција, Северна Македонија ќе добие нов извор за снабдување со поеколошки и поевтин енергенс, а со тоа и можност да стане регионален центар за понатамошен транзит и дистрибуција на гасот на земјите од регионот.

На состанокот беше изразена поддршка од Грција на нашата држава за прогрес и во евроинтеграциите, по постигнатото членство во НАТО, како и за техничка помош во процесите важни за европските перспективи.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk