logo
logo
logo

Бектеши: Бројот на туристи зголемен 56,6 % за седум месеци, мерките даваат резултат

Vecer | 14.09.2021

Бектеши: Бројот на туристи зголемен 56,6 % за седум месеци, мерките даваат резултат

Мерките на Министерството за економија даваат резултат, туризмот пополека се враќа во нормала. Последните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека бројот на туристи во периодот јануари-јули 2021 година бележи раст од 56,6 %, објави министерот за економија, Крешник Бектеши, на својот фејсбук-профил.

Како што посочи тој, истовремено бројот на ноќевања е зголемен 46,6 %. Во првите седум месеци годинава се регистрирани вкупно 317.713 туристи, кои оствариле 1.034.645 ноќевања.

Имајки предвид дека во светски рамки туризмот беше една од најпогодените индустрии од пандемијата на Ковид-19, главниот фокус на Владата, преку Министерството за економија како надлежна институција за развој на туризмот, беше да се подддржат најпогодените сектори.

„Бројот на домашни туристи е зголемен како резултат на кампањата ДОМА СИ ЕДОМА и ваучерите за туризам, а кај странските туристи БЕЗБЕДНОСНИОТ ПЕЧАТ (safe travel stamp) ги даде очекуваните резултати“, напиша министерот Бектеши на „Фејсбук“.

Годинава, Министерството за економија како една од мерките за поддршка на туризмот додели над 3.500 ваучери за домашен туризам во вредност од 12.000 денари за работници со ниски приходи, кои може да се користат во домашните туристички капацитети најдоцна до 30 ноември.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk