logo
logo
logo

БАНКРОТИРАШЕ една од најголемите платформи за тргување со криптовалути

Vecer | 12.11.2022

БАНКРОТИРАШЕ една од најголемите платформи за тргување со криптовалути

Една од најголемите платформи за тргување со криптовалути FTX прогласи банкрот во САД, а нејзиниот директор и основач Сем Бенкман-Фрид поднесе оставка.

Банкротот доаѓа откако конкурентската платформа Binance се повлече од преземањето на проблематичниот FTX.

Како што објави SEEbiz, FTX Group објави дека поднела барање за банкрот и дека започнала „уреден процес на преглед и ликвидација во корист на сите глобални повереници“.

Барањето е поднесено според Поглавјето 11, што е американски механизам кој дозволува компанијата да ги реструктуира своите долгови под судски надзор додека продолжува да работи.

Бенкман-Фрида веќе е заменет на чело на компанијата од Џон Џеј Реј.

Во изјавата, тој рече дека стечајната постапка во поглавјето 11 ќе и овозможи на групата да ја процени својата позиција.

Фото: Шутер

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk