Британски авиопревозник

Банкрот на „Монарх“, блокирани 100.000 патници

Повеќе од 100.000 патници останаа блокирани во странство, откако денеска банкротираше британската авиокомпанија „Монарх", по што сите нивни летови се откажани.

Британската Влада и наложи на Управата за цивилен авиосообраќај да обезбеди повеќе од 30 авиони со цел да се вратат патниците во Велика Британија, во текот на следните две седмици.

На патниците кои доаѓаат во Велика Британија и Европа, утрово им било кажано дека нивните летови се откажани, а исто така се откажани и 300.000 резервации, кои се однесуваат на 750.000 патници.

Овој колапс, најголем кој го погодил британскиот авиосообраќај, се случи утрово во 03:00 часот, кога авионите биле приземјени.

Патниците кои купиле пакет-аранжмани ќе бидат вратени во Британија бесплатно или средствата ќе им бидат надоместени, но на патниците кои купиле само билет, нема да им бидат рефундирани средствата.

Повеќе од 2.100 лица од персоналот од оваа авио компанија утрово дознаа дека останале без работа, без претходно да им биде најавен можен банкрот на компанијата.

Поврзани

Најнови вести

Коментари