Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурланиот развој на сметките на 28.168 субјекти, исплати близу 1,7 милјарди денари за произведен и предаден тутун од реколта 2020 година.

Директорот на Агенцијата, Никица Бачовски, информира дека станува збор за исплата на сите производители кои правно законски ги исполниле условите за добивање на финансиска поддршка по оваа мерка.

„Средствата се веќе легнати на сметките на сите производители кои што произведениот тутун го предале во регистриралните откупни центри:Тутунски комбинат Прилеп, Алијанс, Сокотаб, Пашоски, Секе, Орбита табак, Кавекс Балкан, Мисириан и Бако“, посочи Бачовски.

Висината на директните плаќања изнесува 80 денари по килограм за прва класа произведен и предаден тутун, 70 денари за втора класа и 60 денари за трета класа произведен и предаден тутун од реколта 2020 година.

Во соопштението се посолува дека Владата заедно со надлежните институции, и покрај пандемијата заедно со оваа исплата од почеток на годината на сметките на земјоделците исплати близу 3,5 милјарди денари за субвенции по повеќе мерки.

makfax.com.mk