Австралискиот долар падна на најниско ниво во последните две и пол години, франкот и јенот остварија добивка

Австралискиот долар падна на најниско ниво во повеќе од две и пол години, поради доминацијата на стравувањата во врска со ескалацијата на трговскиот судир меѓу САД и Кина, додека валути, кои се сметаат за сигурни, како што се франкот и јенот остварија добивка.

Меѓу валутите на развиените земји, австралискиот долар падна за повеќе од половина процент, паѓајќи на најниско ниво од февруари 2016 година на 0,7138 во однос на американскиот долар, поради стравување дека ескалацијата на трговскиот спор ќе ги погоди извозно ориентираните економии, како што е Австралија, на која Кина и е најголемиот трговски партнер.

Јуанот беше релативно стабилен во тргувањето во Хонгконг бидејќи растот на трошоците на кредитите ги одврати трговците со кратки позиции од продажба на кинеската валута.

Британската фунта се зголеми во петокот, откако главниот преговарач на Европската Унија Мишел Барние рече дека ЕУ е отворена за да разговараат за други проблеми кои се јавуваат во однос брегзит.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари