„Аудатекс“ на конференција ги запозна осигурителните експерти со модули за проценка на оштетените возила

„Аудатекс“ е компанија од групацијата Солера, која нуди иновативни и економски ефикасни решенија за осигурителни компании, автo сервиси, вешти лица и проценители развиени заедно со најдобрите професионалци од авто-индустријата од целиот свет, според највисоките стандарди и барања на производителите на автомобили.

На 24. октомври годинава се одржа советување на експертите од страна на „Аудатекс“. На советувањето беа поканети менаџери и вработени во осигурителни компании, вешти лица и проценители, како и експерти за осигурување од Република Македонија кои имаа можност да присуствуваат на презентацијата на новите услуги коишто ги нуди „Аудатекс“.

Компанијата е застапена на Македонскиот пазар од 2014 година и се етаблира како лидер во обезбедувањето решенија за обработка на штети на возила. Со повеќе од 75% пазарно учество, „Аудатекс“ е најпосакуван партнер на осигурителните компании на територијата на Република Македонија.

На советувањето беа презентирани:

AudaNet – платформа за проценка на штети на возила со можност да се идентификува возилото според бројот на шасија и способноста да се интегрира со софтверот на осигурителните компании.

Qapter / QapterSync – модул кој овозможува проценка на оштетените возила, како и пресметка на штета со користење на различни мобилни уреди.

AudaFlow – комуникациски модул којшто им овозможува на изведувачите вклучени во процесот на поправка на возила (сервисери, експерти) да испраќаат структурирани информации едни на други.

AudaSmart – решение коешто му овозможува на осигуреното лице да направи независен преглед на сопственото оштетено возило. Во директен контакт со осигурителот, AudaSmart му овозможува на осигуреникот односно оштетениот да ги реши штетите со мала вредност на лесен, брз и едноставен начин.

AUTOonline – модул за одредување на вредноста на остатокот на возилата коишто се проценети како тотална штета. AUTOonline е лесен за употреба од страна на осигурителот и нуди одредување на вредноста за оштетените возила на пазарна основа што претставува најобјективен начин да се одреди вредноста на остатокот на возилата коишто се проценети врз основа на пресметка за тотална штета.

FraudCheck / AudaHistory – најбогатата база на податоци за историјата на штетите на возилата во Европа. Модулот за превентивна штета им овозможува на корисниците да проверат дали возилото било предмет на штета во минатото преку обезбедување на вонреден пристап до детални информации за возилото.

FraudCheck / AudaHistory во одреден дел помага и во спречување на измами на возила на територијата на Југоисточна Европа.

AudaValue – алатка за оценување на вистинската вредност на возилата којашто овозможува идентификација според опремата на возилото.

(ПР текст)

* Претствник на „Аудатекс“ за Македонија е „Audatex Southeast Europe” Ltd. 1000 Софија, Бугарија. Бул. „Христофор Колумб“ 80, офис 6.1. [email protected]; [email protected]

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари