logo
logo
logo

Арсовски: Оперативниот план обезбедува нови работни места и вработливост на невработените

Vecer | 03.03.2021

Арсовски: Оперативниот план обезбедува нови работни места и вработливост на невработените


Одговарајќи на новинарско прашање за деталите за Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување што вчера беше усвоен на владина седница и поспецифично за етничката застапеност на вработувањето и во приватниот сектор, портпаролот на Владата, Душко Арсовски, соопшти дека овој план меѓу останатото се базира на принципот на диверзитет и инклузивност за сите општествени категории.

„Спроведувањето на овој Оперативен план за активни програми и мерки за вработување почива на неколку принципи, односно ќе се почитуваат неколку принципи меѓу кои и ова што го зборувавте, принципот на диверзитет и инклузивност за сите општествени категории во приватниот сектор согласно принципите на правична и адекватна застапеност на етничка, полова религиозна, расна или која било друга ранлива категорија граѓани во согласност со стандардите и практиките на ОН и Меѓународната организација на трудот. Ништо надвор од тоа“, рече Арсовски.

Тој додаде дека втор принцип е справување со негативните ефекти и последици врз пазарот на трудот и вработеноста предизвикани од пандемијата и третиот исто така важен поттикнување рамномерен регионален развој согласно со податоците од бирото за регионален развој и степенот на развиеноста на планските региони.

Арсовски информира дека Оперативниот план 2021 содржи мерки за лицата кои се долго време надвор од пазарот на трудот и се предвидува поддршка и за работодавачи, но само доколку тоа значи обезбедување нови вработувања и раст на правните субјекти.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk