Арсовска го отвара форумот економски сегмент на Самитот ЕУ Западен Балкан

Во рамки на економскиот форум на Самитот ЕУ – Западен Балкан Софија 2018, на тема „Помеѓу политиката и економијата“, претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК), Данела Арсовска ќе има свое обраќање за спроведувањето на економските реформи во Република Македонија во процесот на приближување до Европската Унија, со што и официјално започнува економскиот сегмент на Самитот.

Арсовска заедно со министерот за економија на Бугарија, Емил Караниколов, претседателот на Винескиот економски форум, Гунтер Рабенштајнер, претседателот на Сојузот на економисти на Србија, Александар Влаховиќ, основачот и претседател на Дефли економски форум, Симеон Цомокс и директорот на Агенцијата за странски инвестиции на БиХ, Гордан Милинич ќе дискутираат за важноста на економскиот развој и иднината на Западен Балкан.

„Денешниот ден го означува официјалниот почеток на фотумот како економски сегмент на Самитот на премиерите на Западен Балкан. Oчекуваме да се отворат значајни прашања за реформските процеси на економиите од Западен Балкан и нивно приближување кон ЕУ. Големо внимание ќе привлечат заклучоците од економскиот форум каде и шефовите на држави на земјите на Западен Балкан ќе дискутираат за регионалната економска соработка како дел од европската интеграција, реалност и очекувања како и за улогата на инвестициите за раст и стабилност“, изјави Арсовска.

Самитот е еден од клучните настани за време на Бугарското претседателство со Советот на Европската унија, кој ги поврзува сите 28 шефови на држави или влади на ЕУ со премиерите на Западен Балкан.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари