logo
logo
logo

Арсовска: Да се избориме заедно за еднаквост на жената во општеството

Vecer | 07.10.2021

Арсовска: Да се избориме заедно за еднаквост на жената во општеството

Независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, денеска беше дел од учесниците на дебатата за социјално и економско зајакнување на жените преку социјални претпријатија што се одржа во Штип.

Со дебатата беше означен и почетокот на петтата „Текстилијада“ чие годинешно мото е „Известување и улогите во борбата за работнички права“, а манифестацијата ја организира невладината „Гласен текстилец“ од Штип.

За Арсовска дебатата отвора нови можности за да се понудат решенија кои ќе креираат подобра иднина за економскиот просперитет на државата во целина. Во своето воведно обраќање, таа наведе дека во Македонија 99,8% од регистрираните претпријатија се микро, мали и средни претпријатија и сите тие можат да се категоризираат во делот социјално претприемништво затоа што во моментов работат за да преживеат.

„Долго време се соочувавме со проблеми со регулативата, имаше и проблеми да се разбере што претставува всушност социјално претприемништво и како ние можеме да го подобриме, поточно како може едно претпријатие да работи користејќи претприемачки принципи, а воедно служејќи на заедницата. Самиот концепт е чуден за една држава во која што 40% од населението живее во сиромаштија, каде луѓето работат за да преживеат, што особено се интензивираше во период на пандемија“, истакна Арсовска во своето воведно обраќање.

Во вториот дел од обраќањето, Арсовска истакна дека е голем поборник на движењето за родова еднаквост, затоа што, како што кажа таа, недопустливо е во 21. век за еднаква работа и вложен труд на работното место, жената да биде помалку вреднувана во однос на мажот.

„Во моментов, статистиките покажуваат дека жената е дури за 20% помалку платена на пазарот на трудот. За застапеност на жените во политиката кај нас постои загарантирана квота, но во приватниот сектор таква регулатива нема. Затоа, сите ние, заеднички, мора да се избориме за жената го добие заслуженото место во општеството“, заклучи Арсовска.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk