Анѓушев: Младите лица ќе стекнуваат практични вештини преку платена работа, а компаниите ќе добијат соодветен кадар

Со законот за практиканство ќе се дефинираат правата и обврските на практикантите, млади лица од 15 до 29 години, како и на компаниите кои имаат потреба од ваков вид на кадар, порача вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев. Тој потенцираше дека со овој закон, кој за првпат се воведува во правната регулатива на Република Македонија, се пополнува една празнина и на одреден начин се решава јазот помеѓу знаењата и вештините и понудата и побарувачката на пазарот на трудот.

„Еден од најголемите проблеми за компаниите е обезбедување на соодветен кадар за нивните потреби. Практично, преку законското решение помагаме и олеснуваме младите луѓе да ги добијат потребните вештини за работа, како надополнување на нивното теоретско знаење, додека на компаниите им даваме шанса и можност младите кадри да ги профилираат согласно потребите на реалната економија, со што се олеснува и вработувањето на младите лица“, додаде Анѓушев.

Платеното практично и професионално искуство ќе треба да ја подобри вработливоста и да се помогне периодот кон редовно вработување, што се потврдува и преку имплементацијата на мерката практиканство која е дел од Оперативниот план и се спроведува преку Агенцијата за вработување. Имено преку оваа мерка, од 902 лица вклучени во проектот, дури 50% или 455 лица се веќе вработени, нагласи министерката за труд социјална политика Мила Царовска.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари