ИНВЕСТИЦИЈА

Американската нафтна компанија „Галф оил" влезе на македонскиот пазар

Влегува како партнер во домашната доманија Супер трејд која 25 години работи на македонскиот пазар и една од најголемите дистрибутери на горива во земјава.

Американскиот бренд за производство на нафта и нафтени деривати Галф од денеска официјално присутен на македонскиот пазар со отворатењето на првата бензиска станица во Скопје. Планира мрежата во иднина да ја прошири на 25 низ целата држава.

Влегува како партнер во домашната доманија Супер трејд која 25 години работи на македонскиот пазар и една од најголемите дистрибутери на горива во земјава.

Според Снежана Стајиќ, која е основач на Супер трејд, влегувањето на „Галф оил" значи многу за македонската економија. - Тоа е голема странска инвестиција и имплементирање највисоки стандарди, рече Стајиќ.

Македонија е втора земја од регионот каде е присутен овој бренд, кој, работи во повеќе од 100 земји во светот, а планира во наредните години да влезе во дополонителни 60. Има 100-годишно искуство, а првата бензиска станица ја отвора во 1913 година во Птсбурб, САД.

- До денес Галф оил е синоним во светот за производи со висок квалитет, иновации и техничка извонредност, рече Марио Дадони претставник на Галф оил. Планираат, како што рече, до 2020 година да бидат прифатени како една од 10- најголеми глобални компании

Поврзани

Најнови вести

Коментари