logo
logo
logo

Америка ВАКВИ ЦЕНИ НЕ ПАМЕТИ од 1979 година

Vecer | 11.08.2022

Америка ВАКВИ ЦЕНИ НЕ ПАМЕТИ од 1979 година

Цените на храната за домаќинство во јули се зголемени за 1,3 отсто во однос на јуни и 13,1 отсто во однос на јули 2021 година. Според податоците на Заводот за статистика на американското Министерство за труд објавени во средата, ова е најголем пораст на цените на храната од 1979 година, пишува MarketWatch.

Цените на производите и услугите за широка потрошувачка во јули во однос на јуни не се зголемени.

Споредено со 2021 година, стапката на инфлација во јули изнесува 8,5 отсто. Во јуни таа изнесуваше 9,1 отсто, што е највисока во последните 41 година. Стапката падна во јули поради малку пониските цени на енергијата.

Во јули цените на храната се зголемени за 1,1 отсто во однос на јуни и 10,9 отсто во однос на јули 2021 година. Тоа беше седми последователен месец во кој цените на храната пораснаа за најмалку 0,9 отсто. Цените на храната во рестораните во јули се зголемени за 0,7 отсто во однос на јуни и 7,6 отсто во однос на јули 2021 година.

Што се однесува до цените на храната, најголем пораст забележаа јајцата. Јајцата во јули поскапеле за 4,3 отсто во однос на јуни и 38 отсто во однос на јули 2021 година. Во јули цената на компирот пораснала за 4,6 отсто во однос на јуни и 13,3 отсто во однос на јули 2021 година. Во јули цената на путерот поскапе за 26 отсто во однос на јули 2021 година. Во истиот период цената на кафето поскапе за 20 отсто.

Цените на говедското и телешкото месо паднаа во јули во однос на јуни, а MarketWatch известува дека нивните цени паѓаат веќе три месеци. Кога ќе се споредат годинешните јулски цени на тие две прехранбени производи со ланските, годинава цените се повисоки за 3,4 отсто.

„Цените на домувањето и храната значително се зголемија“, вели Рик Ридер, експерт за инвестиции во BlackRock, една од водечките светски компании за управување со средства. Тој додаде дека минатонеделните податоци од пазарот на труд и овонеделните податоци за инфлацијата значат дека Американската народна банка ќе продолжи со политиката на „стегање на ременот“.

Индексот на потрошувачките цени, без храна и енергија, во јули пораснал за 5,9 отсто во однос на истиот месец во 2021 година, а само за 0,3 отсто во однос на јуни.

Кајла Брун, економски аналитичар во консултантската компанија „Морнинг Консалт“, рече дека ИПК е позитивна вест за економијата, но дека војната во Украина и нестабилноста во глобалните синџири на снабдување продолжуваат да влијаат на цените на храната.

Брун додаде дека севкупниот пад на цените на суровините во наредните месеци треба да доведе и до пад на цените на храната.

„Потрошувачите помалку страдаат на бензинската пумпа, но повеќе страдаат во самопослуга“, вели Грег Мекбрајд, главен финансиски аналитичар на онлајн порталот за управување со лични финансии Банкрејт.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk