logo
logo
logo

AlItalia заминува во историјата, ќе ја наследи ИТА

Vecer | 12.09.2021

AlItalia заминува во историјата, ќе ја наследи ИТА

„Алиталија“ дефинитивно ги затвора вратите на 15 октомври 2021 година, откако 75 години работеше како национална италијанска авиокомпанија

Почнувајќи од 25 август, Алиталија не продава билети за какви било летови по 15 октомври, а сите претходно продадени летови закажани по тој датум се откажани, објави порталот thelocal.it.

Новоформираната државна компанија Италија Транспорто Аерео, или ИТА, ќе биде новата национална италијанска авиокомпанија.

Алиталија, членка на алијансата „Скај тим“, која ги вклучува и Делта Ер Лајнс, Ер Франс и КЛМ, имаше долгорочни финансиски проблеми и прогласи банкрот во мај 2017 година.

Сите патници кои резервирале летови на Алиталија за патување од август за по 15 октомври, ќе можат да ги сменат билетите за лет со друга авиокомпанија и на домашни и на меѓународни линии, и доколку одлучат да ја сменат дестинацијата ќе мора да ја платат разликата во цена.

Алтернативно, оние кои резервирале лет на Алиталија после 15 октомври, можат да побараат целосна наплата на средствата.

Италијанскиот весник „Кориере дела сера“ проценува дека околу 255.000 луѓе резервирале билети со „Алиталија“ за летови по тој датум.

Тој исто така додава дека владата во Рим издвоила 100 милиони евра (117 милиони долари) за исплата на надоместок за патниците кои сакаат да им бидат вратени парите.

Одборот на директори на новата национална авиокомпанија, ИТА, во меѓувреме даде обврзувачка понуда да купи 52 авиони на Алиталија, како и слотови на аеродромот и други средства.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk