„Алибаба“ се спојува со Русите, започнуваат огромен проект со 100 милиони корисници

Кинескиот гигант во сегментот за електронска трговија, Алибаба груп холдинг, објави дека ќе ја вклучи руската подружница во заеднички проект во кој партнери ќе му бидат рускиот државен фонд и две технолошки компании.

Алибаба ќе има 48% удел во Алиекспрес, додека руските партнери ќе имаат преостанати 52%.

Договорот за заедничко вложување беше потпишан во вторникот за време на Источниот економски форум.

Со здружување на силите со водечката руска интернет-потрошувачка платформа, Алиекспрес, ќе добие 100 милиони корисници на Mail.Ru Group на своите социјални мрежи, пораки, е-пошта и интернет-игри.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари