logo
logo
logo

Ако не купува Европа, КУПУВА ИНДИЈА

Vecer | 04.10.2022

Ако не купува Европа, КУПУВА ИНДИЈА

Индискиот увоз на руска нафта се зголеми за повеќе од 18 отсто во септември, со што Русија стана втор најголем снабдувач на енергија на таа јужноазиска република. Ова го објави во вторникот „Економик тајмс“, повикувајќи се на компанијата за следење на карго Вортек.

Според овие податоци, Русија стана вториот најголем снабдувач на нафта за Индија по Саудиска Арабија. Индиските нафтени рафинерии минатиот месец увезувале 879 илјади барели гориво дневно. Така, зголемувањето на набавката на руска нафта од Њу Делхи изнесува 18,5%.

Експертите на весникот забележаа дека Индија може да купи повеќе руска нафта во тековниот квартал поради сезонскиот раст на домашната побарувачка.

Дополнително, уделот на Русија на индискиот пазар на сурова нафта може да продолжи да расте доколку Европската унија го исполни ветувањето дека ќе го забрани увозот на руска нафта од декември, велат експертите.

Индија обезбедува 85% од потребите за енергија преку увоз. Во 2021 година, главни добавувачи на оваа суровина за републиката беа Ирак и Саудиска Арабија, Русија беше на деветтото место по снабдување.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk