logo
logo
logo

Airbnb: Имаме скок во резервациите, тоа покажува зголемена побарувачка пред претстојните годишни одмори

Vecer | 14.05.2021

Airbnb: Имаме скок во резервациите, тоа покажува зголемена побарувачка пред претстојните годишни одмори

Дигиталната платформа за изнајмување слободни соби Airbnb објави дека го заврши првиот квартал со поголема загуба, но приходите го надминаа нивото од пред пандемијата, а скокот на резервациите сигнализира зголемена побарувачка на сместување пред претстојните годишни одмори.

Компанијата го заврши првиот квартал со чиста загуба од 1,2 милијарди долари како резултат на високите трошоци за отплата на кредитот земен за време на пандемијата. Во истиот период минатата година, тие забележаа нето загуба од 341 милиони долари.

Нивните приходи пораснаа за 5 %, на 887 милиони УСД и го надминаа нивото пред кризата на крајот на 2019 година, благодарение на повисоката просечна цена за изнајмување и помалку откажани резервации отколку во првиот квартал од минатата година.

Закрепнувањето на бизнисот сигнализира скок на резервациите за 52%.

Бизнисот значително закрепна во првиот квартал паралелно со вакцинирањето на граѓаните и олеснувањето на ограничувањата за патување, посочуваат од компанијата.

Тие посочуваат дека патувањата претрпеа промени за време на пандемијата и дека оваа промена е трајна.

"Светот никогаш повеќе нема да биде ист, што значи дека патувањата нема да бидат како порано. Луѓето повторно започнаа да патуваат. Ситуацијата сè уште не е нормализирана, но се подобрува“, рекоа тие.

Airbnb е основана во 2008 година како платформа на која луѓето изнајмуваа неискористени соби.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk